Со оглед на тоа што нема базен во Штип, штипските пливачи на ПК „Челични“ летово се подготвуваат за новата пливачка сезона во Бугарија, на Црното море, заедно со пливачи и од други држави. Штипските пливачи учествуваа и во „Купот Шкорпиловци“, што се одржа вчера. Учествуваа 270 пливачи од Русија, Украина, Белорусија, Бугарија, Модлдавија, Македонија. Штипските пливачи во конкуренција на светските велесили во пливањето постигнаа одлични резултати, се пласираа од 5 до 12 место во категориите 50 и 100 метри краул. На овие места сс пласираа Марко Јакимовски, Вероника Зашевска, Ренато Ристов и Методи Георгиев.
„Презадоволни сме од постигнатите резултати на нашите пливачи кои беа рамо до рамо со пливачите од државите каде пливањето има големи традиции…“- ни рекоа тренерите на „Челични“ , Методи Петров и Мирко Јакимовски