Солидарноста и хуманоста на штипјани дојде до полн израз и во последната хуманитарна акција за лекување на 4 годишната Симона.Во оваа хуманитарна акција се вклучија спортисти, спортски работници, лекари, бизнисмени, просветни работници…Вечерва ќе биде организиран и хуманитарен концерт на средното музичко училиште Сергеј Михајлов. Во хуманоста се вклучија и од претшколските установи,
средните училишта, Државниот универзитет…
На плоштадот Слобода беше органоизирана хуманитарната акција „Од срце за Симона…“ Учествуваа спортисти – кошаркарките на ЖКК ТИМ АРЕНА , КК „Македонка“, РК „Текстилец“, ТК „Триумф“, УГД Студент, Училишниот спортски клуб „Димитар Влахов. Посебна активност имаше ФК Брегалница, при што треба да се истакне придонесот во спроведувањето на хуманитарната акција на познатиот хуманист, бизнисменот, Кирил Гогов. Исто така, треба да се нагласи и хуманоста на клубот за екстремни спортови Астибо. ФК Мал Ајакс организираше хуманитарен турнир. со учество на 12 екипи. На турнирот продефилираа и познати имиња од бизнис секторот, лекари и спортисти кои донираа сопствени средства, како на пример д-р Сашко Николов, кој на футсал хуманитарнот турнир не само што потврди дека има „златни раце“ туку и „златни нозе“, па д-р Ален Георгиев, д-р Александар Мишев, д-р Влатко Филипов, познатите бизнисмените од компанијата Кит-го, Александар Попов, Марјан Георгиев, Виктор Трајков од Балекс ,Кире Тимовски од Мебел, Мирче Биков, Трајче Миланов од Семак… За одличната организација на турнирот се погрижи Влатко Манев…
Хумнитарните активности за обезбедување средства за лекувањето на Симона продолжуваат…