Од екипните спортови, Штип во женска конкуренција има само една екипа и тоа одбојкарската на УГД. Оваа екипа се натпреварува во Првата одбојкарска лига. Агенцијата за спорт и млади најави дека во иднина ќе ги стимулира женските спортски екипи. Да веруваме дека и така ќе биде и градот под Исарот ќе има повеќе спортски екипи во женска конуренција.
Деновиве во организација на Сојузот за училишен спорт во Штип се организираа училишни натпревари во ракомет за основните училишта, девојки, шесто и седмо одделение. Имаше голема масовност. Најдобри резултати постигна екипата на ОУ „Гоце Делчев“,која во финалето ја совлада екипата на ОУ„ Ванчо Прќе“ со 6-3.
Please follow and like us: