Тане Спасев е познато спортско име во Полска . Тренер е на КК Легија од Варшава. Порано тренираше уште еден кошаркарски клуб во Полска, Асеко, кој и сега е еден од водечките во оваа држава. Извесно време трениреаше и еден клуб во Русија. На почетокот на првенствената ланска сезона доби покана од Легија од Варшава да ја води оваа екипа, која во тој период се бореше за опстанок во Првата лига.. Не само што Тане Спасев обезезбеди опстанок, туку годинава се бори и за титулата , учествува во разигрувањето во плеј офот.Медиумите во Полска со многу пофалби пишуваат за македонскиот тренер, кој со резултатите во Асеко и Легија направи вистинско чудо во Полска.
Тане Спасев потекнува од Штип, син е на познатиот спортски работник во овој град Миле Спасев, со прекар „Мафија“ , од приградската населба Баби. Вториот син на Миле Спасев, Иле не е спортист, туку познат музичар, кој има снимено многу познати хитови во Македонија и има свое студио во Скопје.
Тане Спасев сам се пробиваше во светот на кошарката. Почна како кошаркар во екипата на Панда Басект , па потоа во Работник- јуниор од Штип. Љубовта кон кошарката го однесе во САД, каде се школуваше и играше кошарка за екипите од универзитетите во Портланд, Далас, Њујорк.Се врати во Македонија со големо искуство. Учестуваше во работата на повеќе познати кошаркарски кампови кои се организираа во Србија. Беше селектор на младата репрзентација на Србија до 16 години,, која го овои третото место во Азискиот куп. Метеорски се пробиваше како тренер. Беше помошник тренер на А селекцијата на Србија.Од 2009 година постојано е во странство.Му беше помошник тренер на Душко Ивковиќ во Москва, познато светско кошаркарско име. Тане Спасев беше тренер и во Турција, на Тур Телеком во Анкара, па на Киев Баскет во Украина, Асеко Полска, сега на Легија во Варшава.
Нема што , Тане Спасев е вистински македонски спортски амбасадор во Полска . Уште еден штипски тренер постигнува големи резултати и тоа во континуитет. Тоа е Борче Илиевски- Шанса, кој неколку години со успех работи како тренер во Исланд. Штип има тренери, и тоа водечки во странство, а нема кошаркарски клуб. На овој план мора повеќе да се размислува во градот под Исарот, но и во КФМ.