На 30 јуни годинава ја промовирав 22 спортска книга „Адреналински штипски спортски настани“ Ме удостоија со посетата многу шампиони во Македонија, меѓу нив Шабан Трстена, Трајче Димков, Ристо Таков …
Во таа пригода на д-р Ванчо Чифлиганец му го предадов признанието што го доби од „Штипски Асови“, „ фер плеј на векот“. Ова признание дојде како резултат на однесуваањето на д-р Ванчо Чифлиганец кога Бучим ЈАКА и Балканец се бореа за државата титула, 1995 година, кога радовишани станаа европски и светски шампиони, но не можеа да ја освојат и државната титула. Доколку сакаа, тоа можеа да го сторат. Во тој период д-р Ванчо Чифлиганец беше претседател на ФБСМ.Во „негови раце“ беше целиот УО на Федерацијата. Во РАДОВИШ Балканец победи со 6-4, но имаше доста проблеми кога требаше да се одржи реваншот во Штип. Неколку борачи на Балканец ги фати „жолтица“ од душеците., што го потврдија и лекарите. По многу оддолжување, се одржа седница на УО. Сите беа изнененадени кога Чифлиганец побара компромис, но во интгерес на борењето. Тој побара од двете екипи Балканец и Бучим да кажат дали сакаат да настапат во реваншпот само со домашен кадар, не со странците, кои поради завршувањето на предониот рок си заминаа од Балканец -Штип, но не и борачите на Бучим кои останаа во РАДОВИШ Бучим, нормално, сакаше да настапи со странски борачи и го одби предлогот на својоит претседател. Ванчо Чифлиганец го стави предлогот на гласање- дали се прифаќа двете екипи да настапат со домашни борачи? Сите членови го прифатија овој предлог, но не и Бучим. Чифлиганец веднаш го прогласи Балканец на зелена маса за шампион на Македонија 1995 година, прва титула во самостојна МАКЕДОНИЈА ЗА БАЛКАНЕЦ. ЕКИПАТА НА Балканец таа година ја водеа Мите Николов, Нико Петрол, директор на клубот бев јас, секретар Стојан Колев, тренер Данчо Стојанов. Сепак, се чини тоа беше – најправедна одлука, бидејќи во првата средба во РАДОВИШ пред околу 3 илјади гледачи, победи Балканец!.
Кога на 30 јуни годинава Чифлиганец. на промоцијата на мојата книга се сети на овој случај, имаше и одговор, малку ироничен- „Сакав мир во куќа, но мора да кажам дека и тогаш Штип имавте добри здравствени работници кои го сакаат спортот…“ ЗАТОА ПОБЕДИ СПОРТОТ! ЧИФЛИГАНЕЦ НАПРАВИ МАЕСТРАЛЕН ПОТЕЗ ЗА ЗБЛИЖУВАЊЕ НА ЕКИПИТЕ ОД ДВАТА СОСЕДНИ ГРАДА, НО И ФАНОВИ. ШТИПСКА ФАЛАНГА ГО БОДРЕШЕ БУЧИМ НА СИТЕ СРЕДБИ ВО КЕШ, И КОГА ГИ ОСВОИ ТИТУЛИТЕ ЕВРОПСКИ И СВЕТСКИ ШАМПИОН! ФАЛАНГАТА СО БУЧИМ ПАТУВАШЕ ВО УНГАРИЈА И ИТАЛИЈА
Please follow and like us: