Годинава, еден од носителите на признанието „8 ноември“ е пилотот Раде Ивановски. Тој „крстосува“ во светот како пилот во најголемите светски авио компании. На 31 август годинава, Раде Ивановски го даде во употреба сопствениот хангар за летачки објекти, кој се наоѓа до аеродромот во близина на Три Чешми.На отворањето на хангарот, летачките објекти, и зградата присуствуваа илјадници луѓе кои го сакаат белиот спорт. Имаше и ревијален натпревар на авиони во дисциплината прецизно слетување , падобрански скокови.Беше импресивна глетката кога над Штип кружеа авионите . Се „тресеше“ градот. Со овој исклучителен настан, Раде Ивановски потсети на јубилејот на Аеро клубот во Штип-95 години од постоењето и 42 години од формирањето на првата воздухопловна школа во Македонија, во Штип. Еден од првите иницијатори на отворањето на воздухопловната школа беше токму Раде Ивановски, со уште неколкумина соработници.
Раде Ивановски е учесник на голем број меѓународни натпревари , носител на многу медали Учествува на натпреварите и сега со своите синови, Марјан и Никола, кои ја прифатија оваа професија на својот татко со голема љубов и радост .
Во хангарот , новата зграда, аеродромот , кои се сопственост на Раде Ивановски ,можат да се изведуваат различна обуки со летачките објекти, со кои Раде располага. Во Штип има доста млади кои се заинтересирани за едриличарството, падобранството…
Треба да се истакне дека Раде Ивановски е скромен, коректен и комуникативен пилот.Не случајно во Шитп и не само во овој град , истакнуваат дека Раде Ивановски е македонски спортски амбасадор. Признанието „Осми ноември“, кое ќе му биде доделено на денот на ослободувањето на Штип (8 ноември) дојде во вистински раце. Ако некој го заслужи ова признание, тоа е Раде Ивановски!