Вечерва во спортската сала Јордан Мијалков се одигра осминафиналната средба од Купот на Македонија. Екипата на УГД во прекрасна игра и атмосфера ги совлада мошне добрите гостинки од Кичево со 3-1 ( 23-25, 28-26, 25-9 и 25 -16) Сите уживаа во убавата игра. Се загрееја и дланките на публиката. Секој поен го наградуваше со аплаузи.
Сега штипјанки ќе ја чекаат ждрепката за четвртфиналето. Честитки за сите одбојкарки, за Стручниот штаб на УГД и публиката. Очигледно, штипјани „живеат“ за одбојката, која има голема традиција во градот под Исарот.
Please follow and like us: