Денеска Иван Настевски, со прекарот Меси, со своите клупски другари, го одбележа роденденот. Секогаш Иван е расположен и пријатен за разговор. На теренот луциден со потезите, по нив е препознатлив и наликува на легендарниот Меси.. Не случајно сите го персонираат – со Меси.
Иван Настевски подолго ја „влечеше“ повредата.
„Сега сметам дека се е во најдобар ред. Повредата е веќе минато, Издржав едно полувреме со Академија Пандев. Најтешко ми е кога не играм. Сепак, сега очекувам да го дадам максимумот, да продолќжам со дорбите игри, да дадам и мој придонес за успесите на Брегалница. Оваа средина е навистина извонредна, на чело со раководството на клубот и Стручниот штаб. Сите си ги знаат работите и мислам резултатите нема да изостанат…“- вели Иван Настевски- Меси.
ПОВРЕДАТА Е ВЕЌЕ МИНАТО!
Please follow and like us: