Најдобриот македонски каратист Емил ПАВЛОВ, со селекторот и тренер Сашко Арсовски на 26 јуни, во втората група македонски спортисти, патува на европските ЛОИ во Минск, Белорусија. Засега, подготовките на Емил Павлов се одвиваат според програмата. Емил Павлов е најголем адут на македонските спортисти во Минск. Тој е еден од ретките кои мораше да исполни норма за да учествува на европските ЛОИ.Пред 4 години, на ЛОИ во БАКУ, Емил беше трет, Може ли да освои и сега медал?
„Емил Павлов се подготвува во Пехчево, во хотелот Гогов. Условите се одлични. Патуваме на 26 јуни во Минск. Емил е во одлична форма. Тој е вистински професионалец Пехчево ни носи среќа. Овде бевме и пред ЕП во Шпанија, кога Емил освои бронза. Не е лесно на вакви натпревари да се искачиш на пиедесталот. Конкуренцијата е силна, особено во каратето. Јас верувам во него и очекувам медал, со што ќе го подобри и пласманот на светската ранг листа за учество на ЛОИ во Токио 2020 г.“- вели селекторот Сашко Арсовски.
Емил Павлов ги знае противниците. Во сите категории на европските ЛОИ ќе има по 8 натпреварувачи, најдобрите во Европа.
„Имам шанса во Минск да му се реванширам на рускиот каратист кој во полуфиналето на ЕП во Шпанија незасклужено, со помош на судиите, ме победи со 3-2. Така , ја загубив шансата по третпат да дојдам до златото на ЕП, Ако се сретнам со Русинот, верувам дека ќе го победам и ќе се вратам со медал од Минск, кој би бил шести по ред во изминатите 5 години од ЕП и европските ЛОИ…“- додава Емил ПАВЛОВ. Очекуваме Емил Павлов, единствениот македонски каратист, кој ја исполни нормата за учество на европските ЛОИ во Минск, уште еднаш да не израдува со трофеј.