Познатиот тренер и педагог на штипски „Гладијатор“, Шенол Асанов очекува од својот кик боксер Никола Нацев да освои медал на Балканското првенство, кое од 3 до 5 септември ќе се одржи во Скопје. Во изминатите денови македонската и српската репрезентација во кик бокс имаа заеднички подготовки во Србија, на Власинско езеро..
„Подоговките беа успешни . Очекувам повеќе медали од македонските кик боксери на Балканското првенство, Се разбира, очекувам медал и од нашиот кик боксер Никола Нацев, во категоријата плус 94 кгр. Сега малку ќе се одмориме од напорните тренинзи во Србија, но ќе продолжиме да тренираме во Штип, се до тргнувањето на Балканското првенство во Скопје…“- ни рече педагогот Шенол Асанов.
Please follow and like us: