Штип има традиција со одбојкарскиот спорт околу 90 години.Штипската одбојкарска екипа двапати учествуваше во европскиот куп на ЦЕВ. Одбојката и ден денеска се негува . Има интерес, особено меѓу младите. Штипјани се натпреваруваа и во Сојузната лига на СФРЈ Б, како и во Втората лига на СФРЈ.
Денеска во Штип се одржа последниот турнир од екипното првенство во младинска конкуренција. Во групата во Штип учествуваа три екипи-УГД Студент, Борец и Шкендија. Од оваа група за полуфиналниот завршен турнир се пласираа УГД Студент и Борец, од другата група ЏИО Струмица и Вардар. Каде ќе се одржи полуфиналниот турнир- не се знае.
Интересно, лани пионерската екипа на УГД беше шампион на Македонија. Сега тие деца играат во кадетската и младинската , но некои и во сениорската екипа на УГД. Лани, пионерската екипа беше примена од градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.Пионерската екипа на УГД беше единствената од Штип која во 2019 ја освои титулата од екипните спортови . Сепак, Комисијата за спорт во локалната самоуправа на манифестацијата – избор на најдобрите спортисти, ја „заборави“ оваа екипа. Добро е што не ја заборави градоначалникот Благој Бочварски, кој педантно ги следи сите спортси постигања на штипските спортисти.
Екипата на УГД Студент не ги заборави Агенцијата за спорт и млади. На последното доделување на ваучерите, УГД доби ваучери во вредност од 2 милиони денари. Заслужено!
„Годинава ќе се обидеме да бидеме најдобри и во младинска конкуренција. Поттикот од АСМ , која очигледно ги почитува спортските резултати на сите екипи, не мобилизира сите во клубот да продолжиме со успешната работа . Упатувам јавна благодарност на АСМ која со ваучерите ги стимулира подеднакво екипите во Македонија…“- вели генералниот секреар на УГД Студент, Методи Папаров.
Фотографијата е од ланскиот прием на пионерската шампионска одбојкарска екипа на УГД од страна на штипскиот градоначалник, Благој Бочварски.