Синоќа, до доцна навечер траеше традиционалниот „Нептун куп 2021“ во базенот во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје Имаше голема масовност од пливачи од Македонија, Србија, Косово, Албванија, Бугарија, или 411 пливачи од 21 клуб во Регионот. Беше напорно, но младите пливачи ги издржаа тие напори. На крајот и на педагогот на штипските пливачи, Мирко Јакимовски му се стопли срцето. Беше задоволен од тоа што го виде и напредокот на штипските пливачи. „Челични“ навистина беа како челик штом ги издржаа тие напори на овој познат Нептун ку.п. Штипјани беа рамо до рамо со сите најдобри пливачи во Регионот. Настапија Смиљан Нашков, Методи Георгиев и Ивона Наумова. Тие се натпреваруваа во дисциплините слободно, градно и делфин.„Задвоволен сум од настапите на моите ученици. Се пласираа меѓу водечките пливачи на овој Куп., од 6 до 18 место. На сите им честитам за успешните настапи, ако се знае дека ние немаме се уште базен во Штип.. Продолжуваме со успесите и оваа година. …“ -изјави по завршувањето на Нептун купот, Мирко Јакимовски.
Да потсетиме, во Штип во СРЦ Суитлак во финална фаза е изградбата на покриениот бззен, што го финансира Агенцијата за млади и спорт


Please follow and like us: