Денеска заврши првата полуетапа во Втората лига, исток. Во последното коло од овој дел, штипските „сини“ го прегазија дитрекниот конкурент за првото место- Тиквеш во Кавадарци со 2-0, со головите во второто полувреме на Пепи Георгиев и Дарко Стојанов. Штипјани во второто полувреме во се го надиграа противникот. Заслужија и поуверлива победа. Иако теренот беше тежок за игра, каллив, штипјани можеа да постигнат и повеќе од два гола. За тоа имаа и шанси. Тиквеш треба да биде задоволен што прими само два гола. На крајот, Брегалница ја прикажа најдобрата игра.
Така, штипјани му се реваншираа на Тиквеш за поразот во првиот дел ,кога победи во Штип со 1-0 . Од средбата во Кавадарци, која ја следаа голем број фанови од Кавадарци и Штип, извонредна арбитража гледавме и од судијата Јосип Бартон. На радоста на штипјани и немаше крај. Преостануваат уште 4 кола од вториот дел во Втората лига, кои ќе се одиграат напролет.Во овој дел во Штип ќе гостува лидерот на табелата, Беласица, со кој штипјани имаат „ нерасчистени сметки“.
На табелата води Беласица со 34, Брегалница има 31, бод, Кит-го 30, Тиквеш 27, Кожув 26.Тоа се екипите кои ќе се борат за првите две места на табелата. Штипјани годинава се решени да се вратат таму каде им е местото – Првата лига! По сите оценки, Брегалница е најорганизираниот клуб во Втората, а можеби и во Првата лига
Штипјани годинава ќе атакуваат и на Купот на Македонија. Последенпат, Брегалница го освои Купот во сезоната 1980-81 година, кога се пласира во четвртфиналето на Купот на СФРЈ загуби од Вележ во Мостар со 2-0, екипа која ја предводеа светскиот тренер Милош Милутиновиќ и тогашните репрезентативци на СФРЈ, Халилхоџиќ, Мариќ, Слишковиќ Окука… Во среда, 4 декември во Шитп се игра првата средба од четвртфиналето на македонмскиот куп– Брегалница- Лабуништа.