Во подтотвителниот дел Брегалница играше во променлива форма. Можеби тоа е и очекувано, бидејќи тренерот Марјан Секуловски сакаше да ги провери квалитетите на сите фудбалери. Дали ја најде вистинската екипа за првенството- времето ќе покаже! Брегалница одигра 7 средби- 4 средби играше нерешено, забележа две победи и загуби една средба. Ги победи Осогово со 2-1, Плачковица со 5-0, играше нерешено со Кит-го 1-1, Беласица 1-1,Кожув 2-2, Скопје 0-0, доживеа пораз од Раднички- Сремска Митровица, Србија, Прва српска лига о-1. Постигна 11 голови, прими 6. Вчера Брегалница играше со лидерот на Втората лига, запад ,Скопје О-О.
„Контролната средба со Скопје не очекував да биде толку агресивна и тензична. Меѓутоа, и тоа е фудбал. Фактот дека се играше на вептачка трева во Бело Брдо не принуди да балансираме со играчлите, со цел да не се случат некои непосакувани ситуации. Пролетната сезона почнува на 27 февруари. Во прото коло во Штип играме со Победа. Како и на секој, и на овој натпревар влегуваме со една цел а тоа е победа и освојување на трите бода..“- вели Марјан Секуловски, шеф на Стручниот штаб на Брегалница.
Инаку, во првата полуетапа, Брегалница ја победи Победа со 2-1, со головите на Д. Стојанов и Митрев . Вториот гол , за трите бода, Брегалница го постигна во 5 минута од судиското продолжение…

584
Опфатени луѓе
15
Интеракција
Промовирај
<img class=”j1lvzwm4″ src=”data:;base64, ” width=”18″ height=”18″ />
11
1 споделување
Ми се допаѓа
Коментирај
Сподели
Please follow and like us: