Најдобар стрелец во Втората фудбалска лига, исток е Мартин Стојанов, кој иако е млад фудбалер, веќе неколку сезони е носител на играта на Брегалница. Претходно, пред да дојде во штипските „сини“ , играше за Кит-го. Живее во близина, во соседната општина на Штип – Карбинци , од каде потекнуваат и многу познати спортисти. Во досегашниот дел на првенството во Втората лига, исток Мартин Стојанов постигна 11 голови. Тој има и придружба од фудбалери кои постигнале по 10 или 9 голови., како на пример Ристе Наумов, Симеон Христов, Дарко Додев…
. .Мартин Стојанов игра десно крило, има силен и одмерен удар, брз е и енергичен, одличен техничар и дриблер.Надвор од теренот е скромно момче, дружељубив, коректен. Тој е голем оптимист пред продолжението на првенството.
„Јас сум убеден дека до крајот на првенството ќе го задржам првото место на голгетерската листа .Сепак, за мене најважно е Брегалница да биде шампион. Имаме тим за титулата. Верувам дека без пораз ќе го завршиме првенството. Штип е фудбалски град, го сака спортот и фудбалот..И во идните средби треба да го даваме максимумот, се од себе, да не потценуваме, или преценуваме противници. Ова и заради тоа што сите против нас играат мотивирано. Очекувам и во идните средби да продолжам да постигнувам голови,…“- вели Мартин Стојанов .


Please follow and like us: