ЧЕТВОРИЦА ШТИПЈАНИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ ВО КАРАТЕ ПРЕМИЕР ЛИГАТА, СЕРИЈА 1
Во Ларнака, Кипар денеска заминаа 24 македонски каратисти , каде ќе учествуваат во Премиер лигата СЕРИЈА 1.Ќе учествуваат вкупно 916 каратисти од 76 држави. Од Македонија 24, меѓу нив и Емил ПАВЛОВ, Бојана МАНЕВА , ГРИГОР Хаџи Кимов и Љупче Михајлов. Во категоријата до 75 килограми ќе се најдат повторно двајца штипски каратисти Григор Хаџи Кимов и Љупче Михајлов. Сите овие каратисти покажаа и најдобри борби и освоија медали на Балканското првенство во Тирана, што се одржа деновиве.Премиер лигата Серија 1 почнува на 29 септември и ќе трае до 1 октомври.
Да им посакаме успеси на македонските каратисти во Кипар.
Please follow and like us: