Брегалница се пласира во четвртфиналето на Купот. Во реваншот во Ѓорче Петров, Брегалница играше нерешено со прволигашот Македонмија 0-0. Во првата средба во Шитп, „сините“ победија со 1-0. Пред средбата, ретко кој веруваше во успех на Брегалница на гостувањето во Ѓорче Петров. Но, Брегалница докажа дека некогаш и невозможното може да стане возможно.
Според сите оценки, Брегалница заслужено се пласира во четвртфиналето. Штипските „сини“ заслужуваат само честитки за фанатичната борбеност во текот на сите 90 минути. Првата честитка за одличната игра и борбеноста стигна од првиот човек на Брегалница, Кирил Гогов, успешен бизнисмен и фудбалски фанатик, кој секогаш има визии за иднината на штипскиот фудбал.
„Упатувам честитки за сите фудбалери, кои играа со срце и беа на ниво на задачите. Докажаа дека со посилни екипи играат и подобро. Ми направија голем ќеиф Одиме натаму во Купот.Впрочем, јас верувам во оваа екипа и пред средбата бев оптимист дека можеме да ја елиминираме Македонија ЃП.Треба во ваков стил да продолжиме и натаму. Да играме вака не само со посилни екипи…“- вели Кирил Гогов, кој успешно ја креира трансфаормацијата на клубот.
Нема што, овој успех на Брегалница предизвика голема радост и кај фановитем во пресрет на саботното коло во Втората лига, исток, кога во Кочани штипјани гостуваат на лутиот противник, соседот Осогово.