Фудбалерите на Кит-го во пријателска средба го совладаа Тетекс со 4-2. Во овој подготвителен период Кит-го забележа три победи Осогово, Кадино, Тетекс, а играше нарешено 1-1 со Брегалница и со втората екипа постигна ист резултат против Малеш.
„Атмосферата во екипата е на високо ниво. Тоа го покажавме и на пријателската средба со Тетекс. Ме радува фактот дека пристапот на играчите на пријателските средби е ист како да играме за бодови. Што се однесува до новата сезона, која почнува в сабота, ќе се надигруваме со сите екипи, без потценување и преценување. И ќе играме на гол повеќе од противникот…“- истакнува шефот на Стручниот штаб на Кит-го, Емил Грнев

Please follow and like us: