Во изминатите години неколку млади фудбалери заминаа од Штип. Станаа нови членови на други клубови. Новото раководство на Брегалница уште на почетокот стави на знаење дека таа политика- талентираните млади фудбалери да заминуваат од Штип е веќе минато. Брегалница ,со талентите потпишува стипендиски договори. Тоа е во интерес на развојот на фудбалот во Штип. Впрочем, Брегалница инвестира во овие фудбалери и мора да има заштитни механизми – таа појава да ја спречи!. Талентите да не можат кога сакаат така лесно да заминуваат од клубот..Со сите таленти, како што споменавме, се потпишуваат стипендиски договори.
Деновиве во македонската репрезентација 2002 година е повикан и голманот на Триглав од Словенија, Кире Новаков. Тој е роден 2оо3 година. Има само 16 години, а е повикан во репрезентацијата до 18 години, каде игра и Иван Николов, од школата на Брегалница.На 26 ноември во Скопје , македонската репрезентација до 18 години ќе игра пријателска средба со Србија. Голот на македонската рептрезентација веројатно ќе го брани Кире Новаков. Тренер на Кире Новаков беше Венцо Зафиров.
„Тоа беше една квалитетна генерација. За жал, најдобрите заминаа во други екипи.. Во тоа време, но и подоцна , не се водеше сметка за овие таленти.Никој не се обиде да ги задржи. Со мене работеше и Гоше Николов, координатор беше Драган Христовски. Во таа школа беше и Максимов и Матеј Ангелов, кои заминаа во Работнички, но и некои други заминаа од Штип.Немаше интерес од тогашното раководство да се задржат овие фудбалери. Во Словенија во екипата на Триглав замина и голманот, Кире Новаков. Сега гледам дека веќе добил и висина и со голем успех го брани голот на словенечката екипа.За мене е добро што новото раководство на Брегалница веќе води сметка за младите таленти да ги задржи во Штип, а тоа е добро за иднината на штипскиот фудбал…“- вели Венцо Зафиров , кој на фотографијата од 2013 година е заедно со Кире Новаков и Иван Николов, кои потекнуваат и од штипски фудбалски семејства..
КИРЕ НОВАКОВ „ШТИПСКО ДЕТЕ“ ПОВИКАН ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА 2002 ГОДИНА!
Please follow and like us: