ДОБРА Е КОНКУРЕНЦИЈАТА -ЌЕ ДОНЕСЕ И ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ!
Во Штип има два кик бокс клуба. Едниот е Гладијатор на Шенол Асанов, вториот Д-ГУМ на Далибор Огњанов. И двата клуба постигнуваат успеси.Има ривалство, ама не и непријателство. И овој спорт има масовност..
Д-ГУМ клубот на Далибор Огњанов има повеќе од 30 членови. Тренираат секој ден, освен недела, од 15 до 20 часот.
„Ние се трудиме колку што можеме да ги прифатиме децата одкафулињата во нашиот клуб. Воспитната компонента ја ставаме во преден план. Точно е дека во Штип има два кик бокс клуба.Ние сакаме конкуренција, верувам и другиот клуб. Сега , по една недела, двата клуба ќе настапиме во Ниш, Србија, на еден меѓународен турнир. Може да се случи меѓу себе да се сретнат кик боксерите на двата клуба. Конкуренцијата е добра- ќе донесе и подобри резултати….“- вели тренерот и сопственик на Д-ГУМ , Далибор Огњанов.
Очигледно, боречките спортови најдобро се развиваат во Штип. За нив има и најголем интерес. Ова, посебно се однесува за карате клубовите, БК Балканец,,за двата кик бокс клуба, за боксерите на Баргала, сега им се приклучи и клубот џиу џицу Осенсеи, кој иако постои само 7 години ,постигнува фантастични резултати.