Младиот репрезентативец, Иван Николов треба да биде носител на играта на Брегалница во пролетниот дел. Тој не само што се подготвува за пролетните натпревари на „сините“, туку и за репрезнетацијата до 21 година, а можно е да биде повикан повторно и за А репрезенетацијата, доколку продолжи со добрите игри во матичниот клуб.
„Имаме напорни подготовки. Тоа е и во интерес на сите фудбалери.Напролет не очекуваат тешки средби. Верувам дека преку контролните натпревари до почетокот на пролетниот дел ќе дојдеме во „топ форма“- вели Иван Николов.

Please follow and like us: