Денеска ,Комисијата за спорт при Советот на општината, под претседателство на Елмир МАНДАК , одржа седница на која беше договорен Буџетот за спорт за оваа година. Годинава за спорт во Општината ќе бидат издвоени вкупно 12 милиони денари. Најмногу средства се издвоени за спортските екипи и сојузи- вкупно 10 милиони и 600 илјади денари, за поддршка на училишниот спорт 250 илјади денари,, за спортски награди 150 илјади, и за електрична енергија за одржување на фудбалските стадони 1 милион денари. На идната седница на Советот на општината , по објавениот оглас на кој ќе можат да конкурираат сите спортски екипи, ќе бидат распределени овие 12 милиони денари за спортот. Впрочем, толку изнесува во оваа 2021 г Буџетот за спорт во општината- Штип.
ЗА СПОРТОТ ВО ШТИП ВО 2021 ГОДИНА ИЗДВОЕНИ 12 МИЛИОНИ ДЕНАРИ!
Please follow and like us: