Шефот на Стручниот штаб на Брегалница, Добринко Илиевски- Пижон пред средбата со Македонија ЃП очекуваше пласман во четвртфиналето. И неговата прогноза се оствари. Македонија ЃП беше елиминирана.Добринко Илиевски, во 2013-2014 година, кога беше тренер на Брегалница, успеа да се пласира во полуфиналето на Купот со штипските „сини“.
„Имавме тешка средба во Ѓорче Петров. Останавме непоразени- заслужено.Честитки за моите фудбалери за големата борбеност и залагање. Имаа карактер. За нас нема одмор. Веќе во сабота , 2 ноември, гостуваме во Кочани на Осогово, традиционално незгоден противник. Нам бодовите ни се неопходни и ќе сториме се да ги освоиме. Имам голем фонд квалитетни фудбалери…“- вели Добринко Илиевски.
Please follow and like us: