Утре во Каиро , Египет, заминуваат нашиот најдобар каратист Емил ПАВЛОВ и тренерот Жарко Арсовски. Во категоријата до 67 килограми во Премиер лигата се пријавени 32 најдобри каратисти во светот. На листѕата се наоѓа и светскиот шампион Стевен Де Коста од Франција, кој ги има освоено титулите на ЕП, СП и ЛОИ.. Ќе се појават и Али Елсевит од Египет, па каратистите од најразвините држави со овој спорт од Италија, Казахстан, Грција, Турција, Бразил, Азербејџан, Јордан, Јапонија, , Украина.
„Неблагодарно е да прогнозирам што било пред почетокот на Премиер лигата. Се подготвував во Штип, со моите соиграчи Сепак, моја цел е да стигнам барем до еден медал, по паузата од една година Премиер лигата носи многу бодови на светската ранг листа. Мене ми недостасуваат мал број бодови да учествувам на Европските игри во Полска , во месец јуни. По Премиер лигата, при крајот на месец март ќе учествувам и на ЕП. Верувам ,ќе освојам доволно бодови во Премиер лигата и на ЕП…“- вели Емил ПАВЛОВ .
Се надеваме дека Емил Павлов ќе се врати на паркетот како што беше и на СП , во Дубаи, кога во 2021 година стана светски вицешампион.

Please follow and like us: