Денеска во Штип, во Училишниот клуб во ОУ Димитар Влахов, се сретнаа двајцата добри другари- спортисти- Емил Павлов и Дарко Митев. Емил Павлов се подготвува за Премиер лигата во Токио, од 6 д0 8 септември,. Тој беше и ученик во ОУ Димитар Влахов, па имаше што да му раскажува на Дарко Митев за ова училиште, каде ги минал најубавите години и ги почнал првите чекори во каратето. Дарко Митев сега професор по физичко воспитување во ОУ Димитар Влахов , со своите иновации во образованието, го сврте вниманието на спортската јавност во Штип, а последните денови и на Сојузната работна акција во Нови Пазар, каде ги водеше спортските активности..
„Разменивме мислења за децата од најрана возраст – , што е најдобро за нивниот развој и на спортски план.Емил е идол и вистински пример за сите деца. Се договоривме за некои нови проекти, кои ќе бидат интересни за децата и во нашиот Училишен клуб „Димитар Влахов“. Токму Емил Павлов живее во оваа населба каде се наоѓа училиштето и каде треба да се гради и покриен базен…“-ни зборуваше за оваа средба професорот и исто така миленик на малите штипјанчиња,, Дарко Митев.
ЕМИЛ Е ИДОЛ НА СИТЕ ДЕЦА!
Please follow and like us: