Брегалница- Тиквеш 1-0 (1-0)
Двете екипи немаа императив по секоја цена да дојдат до бодовите. Играа опуштено, но имаше доста добри акции и од двете екипи. На моменти, имаше и остри стартови и повреди. Тренерот на Тиквеш Влатко Костов мораше да изврши две измени во 20 минута од средбата,. Поради повреди беа заменети Каракамишев и Ивановски Кај Брегалница беше повреден стрелецот Милан Џокиќ, но и со врзана глава продолжи да игра, се до пред крајот на средбата, кога беше заменет.Брегалница во првото полувреме постигна еден гол и тоа во 42 минута. По одличниот центаршут на Филип Миленковски, Милан Џокиќ одлично ја прифати топката со глава постигна ефектен гол. Тоа беше 10 негов гол во дресот на Брегалница (НА ФОТОГРАФИЈАТА).
Гостите во второто полувреме прикажаа одлична игра . Создадоа неколку стонастотни шанси, но не беа ефикасни. Барга на двапати, исто така и Мартин Тодоров, а Спахиу ја погоди пречката.
Се на се, добра фудбалска претстава, иако можеби нерешениот резултат ќе беше најправеден. Тиквеш се претстави во убаво издание, пред бараж средбите. Судијата Тефику Ндарим и асистентите Андоноив и Величков коректно ја изавршија задачата.Средбата ја следеа околу илјада љубители на фудбалот.

Please follow and like us: