Во македонската фудбалска репрезентација до 16 години се повикани двајца млади штипски фудбалери, кои заедно ја завршија фудбалската академија во Скопје, но потоа отидоа на различни страни- Матеј Георгиев и Матѕеј Ангелов. Матеј Георгиев се врати во матичниот клуб Брегалница, а Матеј Ангелов замина во Работнички. Двајцата и досега играа заедно во репрезентативните селекции на Македонија до 14 и 15 , сега и до 16 години.
Двајцата ќе ги бранат боите на македонската репрезентација на средбите со врсниците од Романија, на 5 и 7 ноември во Скопје..
Please follow and like us: