Екипата на Гладијатор, предводена од Шенол Асанов и на последниот турнир годинава се врати со медали. Во Ниш, Србија се одржа меѓународен турнир, мало Балканско првенство, на кое членовите на кик боксот Гладијатор се вратија со две медали. Славче Арсов извојува две победи против претставнициоте на Србија со по 3-0, и без пораз стигна до првото место во категоријата до 79 килограми. Славче Арсов требаше да има уште еден противник, но тој гледајќи ги квалитетите на македонскиоот кик боксер се откажа. Никола Нацев со противникот од Батајнице победи со 3-0, загуби по едно мало невнимание од српски репрезнтавец минимално со 2-1.
„Не само на овој голем турнир моите кик боксери се бореа одлично, храбро во текот на целата година.. Славче Арсов ја заврши оваа година блескаво , се само победи и златни медали. Идната година ќе се префрли меѓу сениорите и ќе учествува на СП во БИХ.. Задоволен сум и од Никола Нацев. И тој оваа година постигнуваше одлични резултати. Лани беше кадет, годинава јуниор. Со еден збор, многу сум задоволен од моите кик боксери. Само нека продолжат вака да тренираат и резултатите сами по себе ќе дојдат…“- изјави тренерот Шенол Асанов, кој е најзаслужен за подемот и на двајцата кик боксери.