
Во централниуот дел на Штип можат да се забележат и многу познати спортски имиња кои пешачат..Денеска покрај коритото на Отиња забележавме две фудбалски легенди од две различни генерации. Тоа беа Благој Јорданов, кој има 88 години и Никола Штериев , кој е многу помлад од него. Нормално -тема фѕудбалот. Благој Јорданов потсети на игрите на Брегалница во Четвртата зона 1954-55 година, кога и тој играше, а во лигата се натпреваруваа Вардар, Трепча, Тимок, Раднички од Крагуевац, Раднички- Ниш…Никола Штериев ги спомна освоените титули на Брегалница со него и пласманот во четвртфиналето на КУпот на СФРЈ, 1980-81 година. Двајцата веруваат во подобри денови на фудбалот во Штип.
„Сега гледаме дека Брегалница почнува од почеток. Има и сопственик. Го познаваме сопственикот Кирил Гогов кој потекнува од еснафска фамилија, Сигурни сме дека со него, Брегалница ќе се врати каде и е местото. во мак фудбалот. Само треба да му се даде поддршка од градот, , љубомората и зависта да ја оставиме на страна.Сега Брегалница има шанси политиката да ја тргне од клубот, да го врати брендот , со нејзините резултати сите да се гордееме…“- зборуваа Благој Јорданов и Никола Штериев. ….