Попладнево на фудбалското игралиште во Бело Брдо во Штип, пријателска средба одиграа комбинираната екипа на Брегалница и третолигашот Кежовица. Во игра со многу шанси, на крајот резултатот гласеше 2-2. Двата гола за Брегалница ги постигнаа Иве Трифуновски од пенал и Иван Митров, додека за Кежовица стрелец на двата гола беше Мартин Ташов.
„Задоволен сум од играта и резултатот. Им честитам на сите мои фудбалери за играта. Го оставија срцето на теренот. Посебно сум задоволен од нашиот голман Панче Антовски, кој ни пристапи во овој преоден рок. Оваа игра ветува успешна пролет…“- изјави шефот на Стручниот штаб на Кежовица, Драган Митов.
Please follow and like us: