Во екипата на Бреганица против Струга не играа 4 стандардни првотимци.. Меѓу нив и Даниел Мојсов. За тројцата се знаеше дека нема да настапат поради жолти и црвен картон, но изненадување беше и отсуството на Даниел Мојсов..Струга победи со 1-0, со гол постигнат во судиското продолжение од 2 минути
„Да, тоа е точно- не играв против Струга. Излегов пред средбата да се загревам, да пробам дали можам да играм.Но, видов дека на загревањето уште не сум подготвен 100 насто да играм. Затоа не сакав да ризикувам, со нова повреда. Сметам дека на средбата со Струга игравме добро, моите соиграчи се бореа за секоја топка на теренот, така да кажам „“изгинаа“. Стууга има црста екипа, во одделни периоди ги надигравме. Штета што Бакрачевски доби црвен картон. И тоа во финишот од средбата, кога домашните тргнаа на се или ништо. Ние игравме поквалитетн фудбал од Струга. Сите мои соиграчи одлично се движеа ,се бореа, заслужија честитки за играта. На крајот не издржаа. Во секој случај, игравме добро , формата на екипата е во нагорна линија Тоа е фудбалот. Примивме гол во последните секунди од средбата. Но, таков е фудбалот. Сметам дека во идните средба ќе продолжиме со квалитетните игри, ќе бидеме и комплетни…“- вели Даниел Мојсов 

Please follow and like us: