Новото раководство на Брегалница во иднина ќе настојува сите фудбалери од Штип, кои заминале во други клубови, да се вратат. Но, сега ништо не зависи од новото раководство, туку од нивните сегашни клубови, со кои фудбалерите имаат склучено професионални договори.. Да потсетиме, само во Академија Пандев играат 4 поранешни фудбалери на Брегалница, од кои вчера двајца постигнаа голови , ја затресоа мрежата на штипјани- Стефан Костов и Иван Николов.Во овој клуб играат и Михаил Маневски и Ване Јованов, кои вчера исто така играа добро.за Академија Пандев
Но, и не само тие . Бојан Миовски е член на Ренова, Стефан Коцев во Силекс, Боби Георгиев замина во Радник- Сурдулица, Матеј Ангелов во Работнички…..Засслужува да се спомене и Давор Зафиров Ангеловски кој живее во Шпанија, игра за младинскиот тим на Тенерифе, роден е во Шпанија, а родителите му се од Штип. Овој млад фудбалер заслужува внимание (на фотографијата).
Можеби целиот проблем е што Брегалница сега игра во Втората лига, а сите тие сакаат да играат во повисок ранг каде можат да напредуваат. Раководство на Брегалница најавува дека ќе се обиде да ги врати во матичниот клуб сите млади фудбалери кои заминале во други клубови, бидејќи во Штип веќе се создаваат услови за развој на фудбалот . Почетните активности на новото раководство на Брегалница тоа го најавува. Професионалната работа во клубот е на највисоко ниво…
На фотографијата четворицата екс фудбалери на Брегалница, кои сега играат за Академија Пандев.,а на втората е Давор Зафиров.
АМБИЦИИТЕ СЕ- ДА СЕ ВРАТАТ ВО МАТИЧНИОТ КЛУБ!
Please follow and like us: